Нов случај на бруталност во САД: Затвореник се задушил додека полицијци клечеле врз него (видео)

од Nikola Popovski
294 прегледи

Притвореникот Вилијам Џенет починал откако неколку минути се борел за воздух и молел за помош додека полицајци го притискале и држеле со лицето на подот, покажаа новите видеа од затворот во американската држава Тенеси.

Во тужбата поднесена во октомври 2020 година и изменета во февруари годинава во име на семејството, ќерката на Џенет, Доминик тврди дека нејзиниот татко починал како резултат на употреба на прекумерна сила од седум полицајци и задушување додека бил во притвор во затворот во округот Маршал по неговото апсење во мај 2020 година.

Според тужбата, полицијата го држела Џенет на земја вкупно четири минути, а полицијата ги бранела нивните постапки во инцидентот, со образложение дека тој бил крајно непослушен.

Државните обвинители ја затворија истрагата за неговата смрт пред неколку месеци, а поротата што го разгледа случајот одлучи да не поднесе кривични пријави против полицајците.

Џенет е уапсен под обвинение за пијанство, непристојно однесување и противење на апсењето. Во неговото тело бил откриен метамфетамин, а во затворските записи се наведува дека тој халуцинирал и бил под дејство на дрога.

Официјалните лица во извештајот рекоа дека тој бил агресивен на денот на неговата смрт и дека одбил да ги почитува наредбите на чуварите кои се обиделе да го смират.

Во тужбата на семејството се тврди дека за време на тепачката што следела, полицијата му ставила лисици и го срушила со лицето на земја и го притиснала, иако тој трипати го предупредил дека не може да дише.

Во еден момент, на видеото се гледа како полицаецот ги потсетува своите колеги на опасност од задушување поради положбата на затвореникот и ги замолува да го ослободат за да може да дише, пренесе Танјуг.

Градоначалникот на Луисбург, Џим Бингам, смртта на Џенет ја нарече несреќен случај, изјавувајќи дека тој се однесувал вербално и физички насилно кон затворските чувари. Бингам не сакаше да ја коментира тужбата поднесена од семејството против градот и областа.

Да потсетиме, смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во мај минатата година предизвика бран протести ширум САД.

Поранешниот полицаец Дерек Шовин, скоро 10 минути клечеше при приведувањето на Флојд, додека тој го молеше да го пушти, велејќи дека не може да дише.

Шовин беше прогласен за виновен за убиството на Флојд во април.

Слични содржини