Нов смртен случај во македонските затвори

од Nikola Popovski
28 прегледи

Нов смртен случај во македонските затвори. Како што информираат од полицијата, осуденик од Виница кој бил на затворска казна во затворот во Штип починал од ненасилна смрт.

Станува збор за 70-годишен затвореник со иницијали Љ.И.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е дадено на обдукција за утврдување на причините на смртта, информираа од полицијата.

Пред десетина дена, по пријава од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека починал 44-годишниот Џ.Х од Кичево. Како што информираат од МВР лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини