Нов тренд: Невестите ја менуваат фризурата за време на свадбата

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Најновиот моден тренд кој си пробива пат меѓу британските невести, е да ги менуваат фризурите во свадбениот ден – наутро за венчавката се со долги прамени, а малку потоа за свадбената забава – со кратка или собрана фризура, пишува  “Мирор”.

Со два различни свадбени стилови на венчавка, невестите сакаат да го фокусираат своето внимание на најважниот ден од нивниот живот. Но, за да можат да си  годозволат овој луксуз, фризрите мора да дејствуваат многу брзо.

Традиционалниот код бара невестата да не остане настрана од гостите повеќе од 15 минути. Токму толку долго за колку што ножиците треба да стапат во функција.