НОВ ВИД НА КОРОНА: Британија забрани пристигнувања од цела Јужна Америка

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Велика Британија забрани пристигнувања од сите земји на Јужна Америка, но и Португалија, поради новиот „бразилски“ вид на ковид-19, кој за првпат беше идентификуван во Бразил.

Новата забрана ќе започне да важи од петок во 4 часот наутро.

Министерот за транспорт Грант Шапс на Твитер напиша дека ќе бидат забрането пристигање на патниците од следните јужноамерикански земји: Аргентина, Бразил, Боливија, Зелено’ртски Острови, Чиле, Колумбија, Еквадор, Француска Гвајана, Гвајана, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај и Венецуела.

Забраната важи и за Португалија

Пристигнувањата од Португалија се забранети „поради нејзините силни патнички врски со Бразил“, но превозниците се изземени од новата мерка.

Мерката исто така не се однесува на британски и ирски граѓани и граѓани на други земји со право на престој во Велика Британија, но тие мора да поминат 10 дена во самоизолација по враќањето во земјата.

Слични содржини