Нов закон за именување на здруженија

од Берта Китинска
188 прегледи

Членовите на Владата, на предлог на Министерството за правда, на редовната седница ја усвоија Информацијата за иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации.

-Со оглед на тоа што Министерството за правда не води Регистар на историски личности постои потребата од преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата кои во името имаат историска личност и формираното тело ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, велат од Владата.

Бугарската фондација „Македонија“ која учествуваше во формирањето на здружението Цар Симеон во Охрид, а се пофали дека ќе формира и клуб Цар Фердинанд во Богданци сега нуди по 30 евра за децата во Србија и Македонија кои сакаат да го изучуваат бугарскиот јазик. Засега нема информации кога, каде и како би почнале курсевите, но во извештајот на Фондацијата стои дека тие веќе формирале училиште и спроведуваат настава.

„Фондација Македонија формираше училиште на бугарски литературен јазик со име: Бугарско онлајн училиште „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија на првиот час.“ – пишува во извештајот на „Фондација Македонија“.

Освен во Македонија „Фондација Македонија“ тврди дека има образовни активности и во Голо Брдо во Албанија и во Гора на Косово. Од министерството за образование велат дека во земјава не постои училиште регистрирано под тоа име

Слични содржини