Здравствените власти во Нов Зеланд го потврдија денес првиот случај на ковид-19 во заедницата по повеќе од два месеци, по што извршија итно пребарување контакти северно од Окланд.
56-годишна жена која неодамна се вратила од Европа беше тестирана позитивно 10 дена по задолжителната двонеделна изолација, иако чувствуваше симптоми неколку дена пред да биде тестирана.
Во тек беше потрага по контакти кога беше откриено дека жената и нејзиниот сопруг поминале неколку дена патувајќи низ регионот Нортленд додека потенцијално била заразна и посетиле триесетина различни локации.