Нов Зеланд: Напаѓач со нож рани четири лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во Нов Зеланд напаѓач денеска со нож рани четири лица пред минувачите да го соборат на земја и да го запрат, соопшти полицијата.

Претставник на полицијата изјавил дека нападот во Окленд, кој траел помалку од 10 минути, бил случаен и дека осомничениот се наоѓа во притвор, пренесува „Ројтерс“.

Беше речено дека нема индиции дека се работи за кривично дело од омраза, бидејќи жртвите биле од различен пол, националност и возраст, а беше истакнато дека полицијата брзо реагирала, го уапсила сторителот и спречила поголем број жртви.

Слични содржини