184
Владата на Нов Зеланд прогласи вонредна состојба по трет пат во историјата на земјата бидејќи циклонот Габриел донесе поплави, лизгање на земјиштето, одрони и големи бранови на север, објави Ројтерс.
Министерот за вонредни ситуации Киеран МекАнулти рече дека поради големата штета предизвикана од циклонот, неопходно е да се прогласи вонредна состојба за поддршка на погодените луѓе.
Вонредната состојба во земјата беше прогласена само два пати претходно – првиот пат по земјотресот од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и на почетокот на пандемијата на Ковид-19.