По пожарот во еден хостел во Велингтон, Нов Зеланлд во кој загинаа најмалку шест лица, уапсен е еден човек
Тој е обвинет за подметнување пожар, откако се запали Loafers Lodge во Велингтон, но може да се соочи со дополнителни обвиненија како што ќе напредува случајот, соопшти полицијата.
Истрагата е во тек, а отворена е и истрага за убиство. Дион Бенет, полициски инспектор, рече дека полицајците се уверени дека никој друг не е вмешан.
Претходно полицајците ги извадија телата на првите две жртви од хостелот и рекоа дека ќе извадат уште две во петок. Се сомневаат дека има уште жртви.
Од полицијата не потврдија дали има докази за подметнување пожар на местото на настанот.
Два часа пред инцидентот, во домот бил запален каучот, но не бил пријавен во службите за итна помош.