179
Рано утринава, 28 минути по 6 часот, Турција ја погоди уште еден земјотрес.
Овој земјотрес бил со јачина од 4,1 степени, со епицентар на 31 километар североисточно од Бандирма. Два часа претходно се случил уште еден, со јачина од 3,5 степени.
Според веб-страницата ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од пет километри.
На истата страница, бројни граѓани на Турција објавија дека земјотресот бил исклучително „гласен“.
„Не разбуди татнежот пред земјотресот“, се вели во еден од коментарите, а во друг стои дека се тресела зградата и од звукот и од земјотресот.