Новата анализа на британската организација „Џубили депт кемпејн“ (Jubilee Debt Campaign), покажува дека Македонија е вброена меѓу државите со висока задолженост.

Според овој извештај, овие високо задолжени држави се во опасна зона поради долгот. Тоа би значело дека при економска криза или, пак, неочекуван скок на каматните стапки, на долг рок може да се случи економска катастрофа.

javen-dolg1
Извештајот посочува дека преголемите долгови можат да ја направат ранлива економијата на државата на одредени пазарни промени.

Ниските каматни стапки ги тераат владите, комапниите и потрошувачите на ново прекумерно задолжување што би претставувало потенцијален проблем во иднина.

makedonija-vo-kriza-300x231

Според последниот извештај на Народната банка (НБРМ), надворешниот бруто-долг е 6,1 милијарди евра или 68,68 отсто од домашниот бруто-производ (БДП)./META