Нова „бомба“ од Хари и Меган за кралското семејство: „Ќе ја уништи секоја шанса за помирување“

од Stefanija Kuzmanovska
460 прегледи

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл дадоа зелено светло за објавување нови детали за нивниот однос со членовите на кралското семејство, што според добро упатени извори ќе предизвика раздор кој никој нема да може да го надмине.

Најновите детали од животот на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кои се однесуваат на периодот по напуштањето на Обединетото Кралство и преселувањето во САД, на интервјуто што го дадоа на познатата американска новинарка Опра Винфри, но и на враќањето на принцот во Лондон на погребот на неговиот дедо, принцот Филип, наскоро ќе го видат светлото на денот и ќе му донесе нов удар на угледното семејство.

За тоа предупреди неименуван извор од Бакингемската палата, кој за „Сандеј тајмс“ изјави дека досега невидени детали од животот на војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат откриени во дополнителното поглавје од книгата „Finding Freedom“ кое ќе биде обелоденето на лето.

– Поглавјето ќе содржи повеќе детали за односот помеѓу принцот Хари и Меган Маркл со членовите на кралското семејство, што ќе ја уништи секоја шанса за помирување. Особено е болно што сè што се случило зад сцената за време на погребот на сопругот на кралицата, принцот Филип, ќе биде обелоденето – истакна изворот, зборувајќи за книгата на авторите Омид Скоби и Каролин Дјуранд.

Првиот дел од книгата, да потсетиме, ги опфати сите детали од денот кога се сретнаа принцот Хари и Меган, па сè до нивното заминување од Лондон во 2020 година.

Данкан Ларкомб, авторот на книгата „Принцот Хари: Инсајдерска приказна“, исто така, потврди дека дефинитивно нема да има шанси за помирување доколку биде објавена дури и една мала работа од погребот на принцот Филип.

– Дефинитивно ќе биде последниот удар. Тоа ќе биде тоа, нема да има повеќе простор за поправка бидејќи довербата и сега е разнишана – наведе тој и потенцираше дека секој може да им верува на принцот и неговата сопруга повеќе откако во медиумите беа откриени деталите за приватните разговори од семејството.

Во новото поглавје, книгата ќе се занимава со профитабилните милионски договори што Хари и Меган ги потпишаа со Нетфликс и Спотифај, како и со новиот живот во Калифорнија и одлуката на кралицата Елизабета Втора да „укине“ таа кралска двојка да учествува во кралски должности.

Да потсетиме, Велика Британија очекуваше дека принцот Хари ќе се смири со своето семејство, пред се со неговиот татко, принцот Чарлс и неговиот брат, принцот Вилијам, по пристигнувањето на погребот, но се покажа, според непотврдени сведоштва, дека раздорот бил премногу длабоко за да го стори тоа и дека ситуацијата може да биде уште полоша отколку што беше.

Слични содржини