Бранислава, кој е по потекло од Лозница во Србија, го напуштила својот сопруг веднаш штом сфатила колку го сака фолкерот и дека оваа врска може да потрае, пишува српски “Блиц”.

Судејќи според фотографиите кои вчера беа објавени, Аца Лукас е до уши вљубен во новата девојка Бранислава. Атрактивна бринета со пејачот беше на Златибор и падна на неговиот шарм, но она што малку луѓе знаат е дека таа е во брак. Бранислава го оставила својот сопруг штом врската со Аца Лукас станала мошне сериозна.

– Кога Aца Лукас беше фотографиран со неговата нова девојка на Златибор, многумина беа изненадени. Никој не помислуваше дека ќе толку брзо ќе најде нова. Сепак, очигледно е дека тие навистина се сакаат, и јас верувам дека сите се заинтересирани за атрактивнаta бринета и се она што таа работи. Она што јас го знам е дека нејзиното име е Бранислав и дека потекнува од Лозница. Таа е мажена веќе неколку години, и со нејзиниот сопруг живеела во Црна Гора. Таа го запознала Aца случајно, но двајцата веднаш сфатиле дека нивната врска нема само да биде пријателска„ изјави извор кој е запознаен со целата приказна, додавајќи дека сопругот не знаел зошто таа заминала.
Инаку, Лукас во средата официјално објави дека се разведува од неговата сопруга Соња.