(ВИДЕО) Нова драма во Истанбул: Вооружени упаднаа во зградата на владејачката партија

од desk3
92 прегледи

Двајца вооружени упаднале во канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот во предградие на Истанбул, објави новинската агенција ДХА. Полицијата ја отцепила областа околу зградата во населбата “Картала”, кој се наоѓа во азискиот дел на градот.Снимки на сајтот на агенцијата прикажува неколку полициски автомобил пред зградата.

Нападот се случува еден ден откако заложничката драма во Истанбулскиот суд. Оваа ноќ обвинителот кој беше земен како заложник од екстремисти, почина од повредите.

Вооружени мажи упаднале во зградата и ги искршиле прозорците на 7-ми кат. Тие се приведени од полицијата и неутрализирани. Засега не е позната причината за нападот.

Еден од напаѓачите е одрал говор од прозорецот на канцеларијата пред луѓето, кои се собраа пред зградата. Содржината на овој говор и барањата на мажите засега не се познати. Специјалците на полицијата влегле во зградата и ги задржале мажите.