Нова експлозија на Шри Ланка

од desk4

Нова експлозија одекна денеска во реонот на градот Пугода, на околу 40 километри источно од главниот град на Шри Ланка, Коломбо, соопшти локалната полиција.

Засега нема информации за евентуално загинати или повредени лица.

Полицијата информира дека властите започнале истрага за утврдување на причините за експлозијата.

Денешната експлозија следи по серијата бомбашки напади во неделата, на католички Божиќ, врз цркви и хотели, при што загинаа најмалку 359 лица.

Во рамки на истрагата за овие напади властите на Шри Ланка досега приведоа 58 лица.

Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Слични содржини