Времето за промени дојде и во стратегијата на Викторија Сикрет, која размислува за опција за нивното годишно ТВ-шоу да не се емитува повеќе.
Извршниот директор на L Brands, кој е сопственик на брендот на долна облека, рече:
“Модата е бизнис на промени. Мораме да се развиеме и промениме да растеме. Имајќи го тоа на ум, решивме да ја разгледаме промената во шоуто на Victoria’s Secret. “
Според извршниот директор, телевизијата не е вистинското место за Викторија Сикрет. Во соопштението се наведува дека во 2019 од брендот ќе се фокусираат на создавање на возбудлива и динамична содржина и нов вид настан кој ќе биде достапен за корисниците преку различни платформи.
Големиот проблем?
Во дигиталната ера во која живееме, сè се случува во моментот. Така, шоуата слични на Victoria’s Secret доведоа до губење интерес и многу неочекувани резултати како минатогодишниот рекордно низок преглед. Причината за ова е фактот дека во 2018 година шоуто се одржа на 8 ноември и беше емитувано дури на 2 декември. Во меѓувреме, гледачите веќе ги виделе учесниците на шоуто и деловите на производите презентирани преку социјалните мрежи.
Викторија Сикрет шоуто го направи своето деби во 2001 година, поставувајќи го како една од најубавите ревии, од кои непроменливи делови беа актуелните музички ѕвезди.
