Уште една група работници од Непал исчезнале од Македонија. Тројца Непалци кои работеле во хотел во Охрид, биле пријавени за исчезнати од сопственикот откако се оддалечиле од местото во кое престојувале и им се губи секаква трага.
-На 24.09.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.С.(29), Д.С.(22) и Н.К.(20), сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени, стои во полицискиот билтен.
МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата.
Ова е само последната група млади Непалци, кои откако ќе се поработат извесен период во Македонија, бегаат од работните места а газдите ги пријавуваат за исчезнати.
МВР досега нема соопштено дали има пронајдено некое, од овие пријавени за исчезнати лица, и поради тоа се јавува сомнеж дека тие веќе ја напуштиле државата на нелегален начин и се упатиле кон западно европските земји.