Нов спектакл на плоштадот „Македонија“ . Ацета го заборавија не е интересен и не е толку убав барокот, а сега имаме нова играчка -Фонтана. Замисли пушта вода и ем прска, ем свети. Ајде збирај се, сега и ние го имаме, чудо невидено среде плоштад.
Граѓаните, пензионерите, па сега ќе се згнат и телевизиите со анкети колку е убава. Па, ќе се „истражува“ и интервјуираат странци како се сликаат, и ќе заокружат и заклучат дека водата е мокра. Млазевите кои гргаат со вода нагоре, се на сѐ, цирка само 2,5 милиони евра пари на граѓаните.
Па што ако има дупки по улиците,секојдневно прекопување на вчера асфалтираните улици- па водата е мокра, и народ гледа дека е таква. Нема лажење, може да се сликаме сите.


![11401004_10204669908131992_2655498740213404672_n[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/06/11401004_10204669908131992_2655498740213404672_n1-540x324.jpg)
![CHkI-NyWsAA0aBr[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/06/CHkI-NyWsAA0aBr1-540x405.jpg)
