По бурниот развод со Амбер Херд, познатиот актер Џони Деп наводно е сериозен во намерата да ја освои Анџелина Џоли затоа што смета дека тие се совршени едни за други.
Шпекулациите на многумина сега ги потврди извор на списанието Глоуб, кој пишува дека Деп е решен да ја придобие, бидејќи и двајцата се слободни.
Изворот рекол дека Деп тајно ја прогонувал Џоли испраќајќи и цвеќе и пишувајќи и-мејлови, а тој наводно решил да ги среди проблемите со алкохолот и да се посвети на физичкиот изглед, затоа што смета дека тоа може да и пречи на Анџелина.
„Џони отворено рече дека една од неговите најголеми желби е да биде со Анџелина. Никогаш не се откажува од љубовта. Тој е неверојатно пребирлив овие денови и тоа е една голема работа што ја споделува со Енџи “, рекол изворот, додавајќи дека Деп е подготвен да помине низ големи промени, само за да биде со неа.