„Дилетант и обичен актер“: Драмата помеѓу Бред и Анџелина продолжува, се вклучи и руски олигарх

од Stefanija Kuzmanovska

Некогаш омилената холивудска двојка – Анџелина Џоли и Бред Пит со години се караат околу старателството и поделбата на имотот.

Бред Пит наводно е решен да го избрка рускиот олигарх Јуриј Шефлер, на кого Анџелина Џоли тајно му го продаде својот дел од нивното француско лозје Миравал вредно 500 милиони долари.

Наводно за време на бракот се договориле ниту еден од нив да не го продаде својот дел без дозвола на другиот, но актерката сепак го направила тоа.

Актерката го продаде својот удел на извесен руски олигарх Јуриј Шефлер, кој „тежи“ 1,5 милијарди долари, а американското министерство за финансии официјално го прогласи за олигарх во 2018 година.

Како што пишува Page Six, актерот се изнервирал затоа што Јуриј на суд го нарекол дилетант и „обичен“ актер, а не винар.

Деновиве во јавноста протече судско досие каде актерката, односно нејзината компанија Nouvel го обвинува Бред Пит и неговите партнери дека се обидуваат да ја задржат контролата над Миравал со „оградување“ и „ограбување“ на имотот и бараат најмалку 350 милиони долари отштета.

„Пит го потроши имотот на фирмата, трошејќи милиони на суета проекти, вклучително и повеќе од еден милион долари за реновирање на базенот, изградба и обнова на скалите, што го направи најмалку четири пати, и потроши милиони за реновирање на студиото за снимање. Тој е лут што Џоли го продала својот дел на руски бизнисмен, а не на него, па се однесувал како мрзоволно дете“, се наведува во документот.

Во протечените судски документи, адвокатите на богатиот Русин рекоа дека во најдобар случај Пит „само ги посетувал лозјата како манекен за да се восхитува на работата на лозарите кои всушност ја вршеле целата работа“.

Слични содржини