Се огласи Бред Пит по обвинувањата на Анџелина Џоли дека ги тепал децата

од Stefanija Kuzmanovska

Бред Пит се огласи откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли го обвини дека ги „давел и тепал нивните деца за време на расправија која избила во авион“.

Портпаролот на Пит изјави за Си-Ен-Ен дека најновите наводи на Анџелина се „целосно лажни и дека таа користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против актерот“.

Да потсетиме, тужбата што во вторникот ја поднесоа адвокатите на славната актерка во Лос Анџелес содржи наводи за расправија во авион на 14 септември 2016 година, која наводно довела до поднесување барање за развод неколку дена подоцна.

Слични содржини