Од петок стапува во сила нова обврска за сите поголеми малопродажни бизниси – јавно објавување на цените на производите што ги нудат. Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, салони за бела техника и мебел, како и на продавници за градежни материјали.
Доколку дојде до ненамерна грешка при објавување на цените, трговците ќе имаат можност во рок од 24 часа да ја коригираат информацијата без последици.
Надлежните уверуваат дека трговците се подготвени и дека новиот систем ќе стартува без потешкотии. За непочитување на правилата се предвидени високи глоби, кои можат да достигнат до 10.000 евра. Микро компаниите со најмногу 10 вработени се ослободени од оваа обврска.
Дополнително, до крајот на месецот завршува мерката за ограничување на трговските маржи. Одлуката за нејзино евентуално продолжување ќе зависи од тековните податоци за инфлацијата, за која од Министерството за економија велат дека покажува знаци на стабилизација.