Нова надеж против ковид кризата: Се тестираат три лека кои се користат за други болести

од Берта Китинска
328 прегледи

Светската здравствена организација објави дека ќе го тестира ефектот врз коввид-19 на три лека што се користат за лекување на други болести.

Се испитува дали употребата на овие лекови може да ја намали смртноста поради инфекција со коронавирус.

Се работи за антималаричниот лек „артесунат“, потоа „иматиниб“, кој се користи кај пациенти со карцином, и „инфликсимаб“, кој моментално го користат луѓе со заболувања на имунолошкиот систем.

Претходното истражување на СЗО откри дека претходно користениот „ремдесивир“ и „хидроксихлорокин“ не им помагаат на пациентите со ковид-19.

Во истражувањето учествуваа илјадници луѓе во неколку стотици болници во 52 земји.

Слични содржини