Нова омикрон варијанта на коронавирус: Дали дава различни симптоми?

од Stefanija Kuzmanovska
493 прегледи

Низ Обединетото Кралство се регистрирани три нови подваријанти на коронавирусот, пренесува „Мирор“.

Според последните податоци, бројот на заразени во Британија е зголемен за 43 отсто. Експертите сметаат дека трите нови подваријанти на вирусот кои неодамна беа откриени се виновни за зголемениот број на заразени.

Светската здравствена организација истражува како субваријантите на вирусот би можеле да влијаат на нас бидејќи првичните истражувања сугерираат дека тие би можеле да бидат позаразни и вешти да го заобиколат имунолошкиот систем.

Еве што треба да знаете за новата варијанта на омикрон и на кои симптоми треба да внимавате.

– Познати се три нови варијанти на вирусот омикрон под ознаките BA.4, BA.5 и BA.2.12.1.

Прелиминарните резултати од студијата на професорот Кеи Сато од Универзитетот во Токио покажуваат дека новата варијанта на вирусот омикрон е закана за белите дробови.

– Ризикот од овие варијанти на омикрон, поточно БА.4 и БА.5, за глобалното здравје е потенцијално поголем од оригиналната варијанта на омикрон БА.2 – предупреди Сато.

Новите варијанти на омикрон подобро ги заобиколуваат одбранбените механизми на имунолошкиот систем, што значи дека луѓето кои веќе биле заразени со омикрон се изложени на ризик од повторна инфекција.

Истражувачите не можеа со сигурност да кажат дали новата варијанта на вирусот се разликува по симптоми од оригиналната варијанта на омикрон, но рекоа дека треба да се забележат следниве симптоми:

– Постојана кашлица

– Течење на носот

– Главоболка

– Слабост

– Болка во мускулите

– Кивање

– Треска

– Воспалено грло

Слични содржини