Нова оставка во Белата куќа поради Сирија

од desk2
161 прегледи

 

Пратеникот на претседателот на САД, Доналд Трамп за борба против Исламска држава, Брет Мекгурк, поднесе оставка поради несогласување со одлуката за повлекување од Сирија, пренесе РТ.

Тој ја нарече одлуката на Трамп за повлекување, непромислена.

CBS наведува дека оставката на Мекгурк е резултат на силно несогласување со претседателот Доналд Трамп во врска со неговата одлука да ги повлече трупите на САД од Сирија.

Оставката на Мекгурк дојде еден ден по одлуката на министерот за одбрана Џим Матис да ја напушти функцијата од истата причина.

Ројтерс наведува, повикувајќи се на неименуван извор, дека оставката на Мекгурк стапува на сила на 31 декември, што за оваа агенција е потврдена и од Стејт департментот.

Слични содржини