Собранискиот спикер Талат Џафери даде нова пауза на седницата на која се расправува за заклучоците од предлог-преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ. Ова следуваше по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
Џафери саркастично истакна дека пратениците од опозицијата можат да продолжат со свирењето со свирки и вувузели.
-Продолжете вие само. Едно време ве слушавме и со тенџериња тука. Не е ништо ново. Јас ќе кажам кога ќе има пауза. Сакате пауза, се уморивте, добро еве ви пауза. Продолжуваме во 17:55 часот, кажа Џафери.
Ова е втора пауза на вториот од расправата на 81. седница во Собранието. Откако ќе се исцрпи дискусијата, пратениците треба да гласаат за Информацијата на Владата за Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ.