Таеквондистот Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми, победувајќи го својот противник со 9-4.
Откако го елиминираше светскиот шампион, во четвртфиналето за противник го имаше Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, со што ја донесе Македонија на чекор до медал на ОИ.
Во полуфиналето Георгиевски ќе се спротивстави на Кјо Дон Ин од Јужна Кореја. Тој меч е во 9:45 по македонско време.
Дваесет и двегодишниот Георгиевски е единствениот македонски спортист кој со норма се пласираше на Олимписките игри во Токио.
Македонија во историјата има само еден медал и тоа од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, кога Могамед Ибрагимов во борење освои бронза.