Денеска според последните најави во 14 часот, во Клубот на пратеници, се очекува повторно да се сретнат премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се договараат детали за можен влез на партијата во Владата и за обнова и зголемување на парламентарното мнозинство на оваа власт.
Во медиумите по средба која се одржа во понеделникот беше објавено името на Беким Сали како можен наследник на министерот за здравство Венко Филипче. Воедно според информациите покрај ова министерско место од партијата која е на чекор да биде дел од власат била побарана и вицепремиерска позиција.
-Моментално ги финализираме принципите на заедничкото владеење и програмските определби. Потоа следува делот за ресорите и кадровската политика, вели во изјава за Локално, портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.
Од партијата велат дека засега не е разговарано за позициите кои треба да ги има Алтернатива во идната влада.
-Што се однесува до позициите кои треба да ги има Алтернатива во идната власт, до овој момент нема никакви понуди ниту пак барања од наша страна, вели Муртезани.