

Вака како што стојат работите , до колку не се преземат конкретени чекори седницата би требало да трае до Септември, до очекуваната клима и промени со меѓународните влијанија.
Веќе видена (НЕ) моќ
Вчерашното и завчерашното 8, 9, 10, 11…. продолжение поминаа во остри спротивставувања, дофрлувања од место, куп процедурални забелешки и со неколку реплики, а седницата во најголем дел се сведе на толкувања на членовите 78, 80 и 65 од деловникот на Собранието, дали може или не да се побара измена на дневен ред додека сè уште трае претресот на третата точка. Станува збор за предлогот од 10 пратеници на СДСМ поднесен во четвртокот, место за актуелната трета точка, да се оди на четвртата точка – избор на нов претседател на парламентот.
Денеска веројатно ќе бидат анализрани други членови од деловникот, но суштината е сепак трошење време и блокада. Па дури и Трајко ,за да глуми кооперативност, и да ја профати следната точка повторно ќе имаме ситуација на 51 пријавени за збор и истиот систем реплика- контрареплика, и пак блокада.
Целата поента на конститутиваната седница е спречување да се гласа, односно да се се конститутира Собранието колку за оправдување дека излез се само нови избори. Тоа е позицијата на ВМРО ДПМНЕ.
Вториот проблем е ДУИ
Тука не се исклучена калкулациите на поранешните колиционери на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, кои за воља на вистината никогаѓ не ги прекинаа релациите. Нормално ги врзуваат бизнисите кои заедно ги тераат последните 10 години од владеењето, и тоа не целото ДУИ туку само лидерот и неколкумина околу него. Потпретседателите Арифи, Меџити , Бејта и другите охрабруваат ама другите калкулираат.
Овие денови во јавноста излезе дека деновиве имало две случајни средби на челници на ВМРО ДПМНЕ со босот од ДУИ Муса Џафери во „Бистро“ и во „Балканика“ во Скопје. Биле видени на мубает Антониот Милошовски и Никола Тодоров. Тоа велат требало да личи дека „случајно“ се сретнале и веројатно прават повеќе од кафе мубает. Што договарале што не можело да се каже и преку телефон: Дали само за бизнисите, дали за парламентот или колку се ова уште вака да се влечка – Господ знае!
Факт е дека Ахмети не брза, и нема некоја одлучност да нагази и да се стави во функција парламентарното мнозинство. На бројката од 67 се придодадоа и двајцата на ДПА сега се 69, ама кој може да биде сигурен во довчерашните пајташи на Никола Груевски ,ете не повеќе, браќа по бизнисот, а тука нели правилото е дека нема емоции.
Во меѓувреме, се одржа куса средба на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица по која лидерот на партијата Али Ахмети порача дека не гледа светло на крајот од тунелот. Малку е перверзно да имаш парламентарно мнозинство а да велиш дека не го гледаш светлото и дека од другите зависи решението. Тоа дефинитивно значи дека седиш на две столици.
„Решавањето на кризата не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата“, рече официјално Ахмети и додаде дека со закани и уцени нема да се реши кризата, и дека нема да учествува во тоа.
Поинаку кажано ним не им се брза, тие и онака се во Влада, на теренот за нови избори стојат лошо, а оваа ситуација на враќање на лидерството и превласта од заканите на БЕСА и Алијансата на Албанците им годи- што подлго тоа подобро.
Во меѓувреме билдање на стравот , закани со војна , хушкања за насилство не престанува ниту од собраниската говорница ниту преку провмровските портали радија и телевизии. Истата порака је верглаат и заплашуваат со 200.000 народ , а тоа деновиве едвај стига до 7-8 илјади , сосе членството пратениците и лидерот. Можеби тоа е и дека сме пред велигденските празници, кој сега ќе се бавта со државата.
