Нова скопска атракција: Пристигнаа диносаурусте за Дино паркот

од Берта Китинска

Од утре ќе почне монтажата на диносаурусите за Дино паркот во Скопската зоолошка градина.

Во ЗОО Скопје ќе бидат сместени  41 диносаурус во природна големина.

–Монтажата ќе трае околу 20 дена. Просторот за Дино паркот е уреден и подготвен за да почнат да се поставуваат диносаурусите. Поради пандемијата на Ковид-19, сè уште не сме одлучиле кога ќе го отвориме Дино паркот за посетители, но се надеваме дека тоа ќе биде напролет, изјави директорот на ЗОО градината, Ѓорѓи Галетановски.

Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри.Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза: од внатрешноста на зоолошката градина и влез од североисточната страна, патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.

Слични содржини