Нова сообраќајка во Скопје: Прегазен пешак, возачот избегал

од Nikola Popovski
260 прегледи

Нова сообраќајна несреќа на скопските булевари. Синоќа околу 23 часот, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ е прегазен пешак, а возачот избегал од местото каде се случила несреќата.

-На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото, информира МВР.

Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицијата и натаму ќе има, најави министерот за внатрешни работи Пенче Тошковски.

Слични содржини