Нова средба меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата: Ќе има ли решение за платите на судската и обвинителската администрација?

од Nikola Popovski
204 прегледи

Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата.

Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. Од Владата соопштија дека работниот состанок се одржал во насока на пронаоѓање на взаемно прифатливо решение во однос на одредени состојби во судската и јавно-обвинителската служба, посочени од страна на Синдикатот на УПОЗ.

-Работната група ги сослуша барањата на претставниците на Синдикатот на УПОЗ, при што истакна подготвеност, низ дијалог да се дојде до системско и одржливо решение на посочените состојби во судската и јавно обвинителската служба, се со цел, да се овозможи непречено функционирање на правосудниот систем, порачаа од Владата.

По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од Владата на следната средба.

– Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања, изјави тогаш Деаноски.

Слични содржини