Нова теорија на заговор во кралското семејство, овој пат околу Кејт и Вилијам

Околу кралското семејство со децении кружат разни теории на заговор, а ова е најновата.

Како што пишува Космополитен, постои верување дека Кејт и Вилијам ги купуваат следачите на Инстаграм. Имено, според статистиката на New York Times, на Кејт и Вилијам постојано им расте бројката на следачи на Инстаграм и ја надминува или изедначува со бројката на следачи кои ја имаат Меган и Хари.

Тоа не би било ништо невообичаено Хари и Меган да немаат значително подобар engagement, односно активност на следачите на нивните објави. Иако ова тврдење не може да се потврди, New York Times истакнува дека има две оправдувања за овој случај, а за тоа се роботизирани следачи или фактот дека кралското семејство дополнително го промовира профилот Kensington Royal, официјалниот профил на Вилијам и Кејт.

Инаку, кралското семејство ги демантираше овие тврдења.

Слични содржини