Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера доцна попладне на регионалниот пат Дебар – Струга, каде што животот го загубил мотоциклист од Киќево.
Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот скопјанец Б. Г., и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки,, кој бил управуван од 33-годишниот Б. Р.
Надлежните служби ја потврдија смртта на возачот на мотоциклот. Во несреќата е повреден сопатникот од возилото „пежо“. Се работи за 42-годишна скопјанка со иницијали М.Г.
На местото на сообраќајката бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Претходно, од АМСМ информираа дека сообраќајот на овој патен правец бил во целосен прекин од 14:30 часот.