Уште една трагедија на македонските патишта откако синоќа три лица го загубија животот, а осум се повредени во тешката сообраќајна несреќа што синока се случи патот Кичево – Гостивар. Деветнаесетгодишно момче од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи на Струмица.
Во полицискиот билтен се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.
-Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција, велат од МВР.
За трагедијата на патот Кичево-Гостивар, жртви се сопружници на возраст од 38 години од Гостивар, а повредени се нивните три малолетни деца. Почина и едно 64 годишно лице од Битола. Сообраќајката се случи околу 21 часот кај селото Трапчин Дол, кога дошло до директен судир помеѓу возилата.
Причините се неприлагодена брзина односно пребрзо возење од страна на еден од возачите, кој за жал сега е починат.