Нова трагедија на македонските патишта – загина возач на камион

од Nikola Popovski
24 прегледи

Полицијата информира дека 56-годишен возач на „сканиа“ загинал откако излетал од регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп.

Вчера попладне во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У.(56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.

-Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош, информираа од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Слични содржини