Нова трагедија: Почина младински ракометен репрезентативец

од Nikola Popovski
480 прегледи

Македонскиот ракометар на РК Бутел Марко Божиновски почина ненадејно на 20-годишна возраст.

Младиот македонски репрезентативец неофицијално починал како резултат на срцев удар што му се случил во сон.

„Со тешко срце и недоверба примивме уште една ужасна и трогателна вест. Марко Божиновски, еден од нашите членови, за жал, повеќе не е со нас… Голем љубител на спортот и на МЗТ Скопје, со своите 20 години, Марко беше огромен ракометен талент. Син на еден од најстарите и најредовни навивачи на МЗТ Скопје, Марко тргна по чекорите на својот татко, буквално израснат да го сака МЗТ Скопје“, објавија на Фејсбук навивачите на КК МЗТ Скопје.

Во изминатите три години, Божиновски беше член на прволигашот од Скопје, каде што дојде од редовите на Металург.

Ова е втора трагедија што се случи во македонскиот ракомет во последните седум дена, откако минатата недела 25-годишниот Никола Даниловски се удави во Охридското езеро.

Слични содржини