Нова владина седница, нови одлуки и разрешувања

од Vladimir Zorba
110 прегледи
Денеска нова владина седница на која се очекуваат нови именувања и разрешувања на владини  функционери  .
На дневен ред се именувања на нови заменици министри во владатата, парципиенти од колиционите партнери. Според најавите , ДУИ во новата влада ќе ги добие заменичките позиции во МВР, oдбрана, oбразование и финансии. Бујар Османи на социјаните мрежи синоќа  ги објави и имињата на предложените функционери: Агим Нухиу ќе му биде заменик на Оливер Спасовски во МВР, а за заменик на Радмила Шекеринска во одбрана, пртијата го педлага Беким Максути . За заменик-министер за образование ДУИ се  предлага Висар Ганиу, а Ширете Елези за заменичка во финансии.
 Од Алијансата за Албанците за заменици министри предложени се Арта Точи во Министерството за надворешни работи, Ремзи Мехмети во Министерството за транспорт и врски и Елми Азири во Министерството за труд и социјална политика.

Откако Владата ќе ги прифати овие предлози, следува верификација на мандатите во Собранието.

Во меѓувреме за денеска се најавуваат и разрешувања во МВР. Како што напишаа повеќе медиуми  Митко Чавков го потроши  и последниот директорски ден во Бирото за јавна безбедност . Барање за негово разрешување поднесе уште екс министерот за внатрешни Агим Нухиу, а за очекување е токму  на денешната владина седница тој  да биде разрешен.

Директорот на БЈБ беше и шеф на оперативниот штаб за време на крвавиот упад во Собранието. Во извештајот на работната група на министерството, Чавков беше посочен како одговорен за настаните, бидејќи не извршил безбедносна проценка и не издал навремена наредба иако имал дојава, со што го овозможил упадот во законодавниот дом.

Денеска  се очекуваат смени и на другите раководни функции во МВР, освен Чавков, најверојатно Владата денеска  ќе го разреши и директорот на Управата за безбедност и контаразузнавање, Владимир Атанасовски.

 Тој заедно со Чавков, во извештајот е посочен како одговорен за крвавиот упад во кој беа загрозени животите на дел од пратениците и медиумските екипи. Атанасовски е на чело на УБК од септември минатата година.
За денеска се најавува дека е можно да  биде именуван и државен секретар во министерството, но се уште не  се открива кој ќе биде тоа. Министерството за внатрешни работи потфрли на крвавиот 27 април, а претходникот на Спасовски тогаш рече дека структурите на МВР нанеле сериозна штета на државата со што стана сосема извесно дека промените ќе почнат токму од раководните функции во ова министерство.