Нова зараза во Кина: Истекување на гас во фабрика за вакцини предизвикало епидемија (видео)

од Nikola Popovski
232 прегледи

Неколку илјади жители на северозападна Кина се позитивни на бактериската болест, а епидемијата следела по истекувањето на опасен гас во биофармацевтската компанија за производство на вакцини, објавија властите.

Здравствена комисија во Ланџоу, главниот град на провинцијата Гансу, потврди дека 3.245 лица заболеле од бруцелоза, што се пренесува преку контакт со стока што имаат бактерија на бруцелоза.

Други 1.401 лице се прелиминарни позитивни на оваа бактерија и досега не е евидентирана смртност, пишува Си-Ен-Ен.

Бруцелозата, позната и како малтешка или медитеранска треска, може да предизвика симптоми како што се главоболки, болки во мускулите, треска и замор. Иако овие симптоми може да се повлечат, некои може да станат хронични или никогаш да не исчезнат, како што се артритис или оток во одредени органи.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, пренесувањето на бруцелоза од човек на човек е исклучително ретко. Луѓето претежно се инфицираат јадејќи контаминирана храна или вдишувајќи бактерии; што се чини било случај во Лаџоу.

https://www.youtube.com/watch?v=EOkMS5riofc&feature=emb_title

„Периодот на инкубација може да трае од 5 дена до неколку месеци, а во просек трае 2 недели. Почетокот може да биде ненадеен, со треска, силна главоболка, болки во зглобовите и долниот дел на грбот, малаксаност и понекогаш дијареја. Како што напредува болеста, температурата се зголемува на 40 или 41 степен, а потоа постепено се намалува во нормална или скоро нормална, со обилно потење наутро. Типично, повремената треска трае 1-5 дена, а потоа се повлекува за 2-14 дена, кога симптомите се многу благи или исчезнуваат. Кај некои пациенти, температурата може да биде минлива. Во други, фебрилната фаза се враќа еден или повеќе пати во бранови и се повлекува со месеци или години“, се наведува во медицинскиот прирачник.

Епидемијата следи по истекувањето во фабрика за биолошки лекови, што се случи помеѓу крајот на јули и крајот на август минатата година.

Фабриката користела средства за дезинфекција со истечен рок на траење во производството на вакцини за животни, а отпадниот материјал сепак содржел бактеријата Бруцела.

Загадениот отпаден гас формирал аеросоли, односно мали честички што содржат бактерии, кои ветерот ги пренесувал во Институтот за ветеринарни истражувања во Ланџоу, каде што избувнала епидемијата за првпат.

Вработените во институтот започнаа да пријавуваат инфекции во ноември, по што работата ескалирала набрзо. До крајот на декември 181 лице било заразено со бруцелоза во институтот.

Другите заразени пациенти биле студенти и вработени на Универзитетот во Ланџоу. Инфекцијата се прошири дурила и во покраината Хеилонгјанг, каде во август имало 13 позитивни случаи на Ветеринарниот институт.