
Осумдесет и петгодишен маж е седма жртва на коронавирусот во Грција, пренесува АНА.
Пациентот, постар човек заразен со вирусот „КОВИД-19“, имал сериозни здравствени проблеми и починал во болница поради компликации предизвикани од инфекцијата.
Во Грција се регистрирани 464 случаи заразени со новиот коронавирус.