Нова жртва на улиците: Скопјанец со „мерцедес“ прегази малолетничка!

од Nikola Popovski
449 прегледи

Малолетно девојче вчера загина, откако во него удрил автомобил во Скопјe, извести МВР.

Вчера (30.06) во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка. 

Во несреќата девојчето се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болницата починала.

-Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираа од полицијата.

Слични содржини