372
„Ние како држава не се ни потрудивме да направиме професионализација на ДИК, така да не би било соодветно да кажам дека сега се е во ред. Се направи еден неуспешен обид за професионализација на ДИК и кога тоа не успеа, повторно партиите се договорија да се оди по стариот концепт со 7 членови“, вели поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски за емисијата „Топ тема“.
Според него, не може сегашните избрани членови да се толку идеални, за да немаше дискусија во Собранието, кога беа избрани со 97 гласови „за“ и ниту еден „против“.
„Тоа ви е доволен знак дека ние сега имаме партизација на ДИК од страна на власта и опозицијата“, вели Новаковски.