Новата американска амбасадорка Кејт Бернс на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

од desk4
167 прегледи

Американската амбасадорка Кејт Бернс на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер.

Според него, состанокот е протоколарен, за запознавање на новата амбасадорка на САД со лидерот на опозицијата и позициите на најголемата опозициска партија со актуелните политички состојби.

Според неофицијалните информации – случајот „Рекет“, но и вчерашните дефинирани позции  на Мицкоски околу неучеството на лидерската средба и предвремените претседателски избори, се на агендата на разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и новиот американски амбасадор.