Новата бугарска МНР: Нема промена на позицијата кон Македонија

од Nikola Popovski
292 прегледи

Во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија кон Македонија, како што веќе изјавија премиерот Кирил Петков и Светлан Стоев. Ние се придржуваме до Декларацијата на Националното собрание, изјавила новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во одговор на прашање на бугарската новинска агенција БГНЕС во однос на деблокадата за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.

Генчовска денеска ја презеде функцијата од досегашниот вршител на должноста, Светлан Стоев.

Новата бугарска шефица на дипломатијата е експерт за безбедност и одбрана. Нејзината професионална кариера почнала во Генералштабот на бугарската армија каде стигнала до функцијата шеф на Секторот за НАТО и Европската Унија во Министерството за одбрана. Таа беше советник за одбрана во претставништвото на Бугарија во ЕУ и во делегацијата во НАТО. Генчовска беше дел од бугарските делегации на самитите на НАТО во Истанбул, Велс, Варшава, Брисел.

Слични содржини