Новата германска влада ќе го намали бројот на имигранти од Македонија и другите земји од Западен Балкан на половина

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Новата германска влада на ЦДУ/ЦСУ и СПД постигнаа коалициски договор во кој во голема мера ја допреа миграциската политика, вклучително и преполовување на бројот на имигранти од Западен Балкан врз основа на деловни договори.

На почетокот на 2016 година во Германија беше воведено правило кое им овозможува на вработените од Западен Балкан да имигрираат заради работа. Тоа значеше дека за работниците кои не се од Европската Унија и доаѓаат од нашиот регион, доволен е само договор за вработување со работодавач во Германија.

Претходната влада минатата година ја удвои квотата за такви имигранти, дозволувајќи 50.000 работни дозволи годишно, но сега новата влада ја преполови таа бројка.

Коалицискиот договор, кој детално се занимава со миграцијата и ја заострува миграциската политика, ја измени и „Регулативата за Западен Балкан“.

„Редовната миграција во Германија според таканаречената регулатива за Западен Балкан ќе биде овозможена за најмногу 25.000 луѓе годишно“, се наведува во договорот.

Во договорот Западен Балкан се споменува во друг дел кој се однесува на нивната поддршка за овие земји на нивниот пат кон ЕУ.

Граѓаните на шесте земји од Западен Балкан можат легално да имигрираат во Германија врз основа на други програми, кои ја вклучуваат програмата за имиграција на квалификувана работна сила, но тоа е многу побавна процедура.

Слични содржини