Новата локална власт сака да ме разреши преку притисоци и закани, тврди директорот на штипската гимназија

од Nikola Popovski

Директорот на СОУ „Славчо Стојменски”-Штип, Тамер Јамаковски денеска информира дека со постојани притисоци и закани, новата локална власт се обидува да го смени од функцијата.

-Сакам да ја информирам јавноста дека со грубо прекршување на законски прописи, деловник за работа и други прописи, со најдиректен притисок и закани кон членовите на Училишниот одбор и на Советот на родители од страна на новата локална власт и кабинетот на градоначалникот се настојува да бидам разрешен, иако за тоа нема никаков основ. Со ова целосно се наршува работната атмосфера во колективот, со омаловажување на кадарот, вели Јамаковски, а објави МИА, порачувајќи дека дека ќе ги искористи сите законски средства.

Тој извести дека во штипската гимназија инвестирани се 12 милиони денари, средства кои се искористени за набавка на наставно – образовни средства, меѓу кои лаптопи, електронски табли со ЛЦД проектори, спортски реквизити и други помагала за предметите од природно-техничките науки.

Слични содржини