381
Во земјава е регистриран втор случај на индискиот сој на коронавирусот .
Министерот посочи дека новата мутација може да биде позаразна од сегашната. Но, смета дека сите вакцини штитат од смртен исход или тешка форма на болеста.
„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“, додаде Филипче.
Се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници.