Зоран Заев, мандатар за состав на новата Влада на Република Македонија и претседател на СДСМ
Скопје, 17.05.2017
Медиуми: Кога ќе почнат преговорите за новата Влада?
Заев: Како што кажав и во изјавата, веднаш со мандатот ќе ја воспоставиме организацијата со партиите коишто дадоа 67 потписи, за да го скратиме максимално периодот којшто Уставот го предвидел, а тоа се 20 дена, да не ги чекаме тие 20 дена, 10 дена, па дури и помалку од 10 дена ќе се потрудиме да го составиме владиниот кабинет и да ја доставиме владината програма и предлогот за Влада, до Собранието на Република Македонија.
Како што соопштивме отстранувањето на двете пречки. Претседателот на Собранието Талат Џафери го испрати писмото во коешто потврди дека имало формирано мнозинство коешто го избрало него како Претседател и затоа продолжува процесот за доделување на мандатот на веќе оформено мнозинство, согласно тоа беше испратено писмо од господинот Иванов до СДСМ, во којшто бара да се номинира мандатар. Одговоривме преку генералниот секретар на СДСМ, со писмо дека Зоран Заев согласно одлуката на Централниот Одбор е кандидатот за мандатар пред господинот Иванов и изјавата како втора пречка која што ја ветив и после мрачниот и црниот, темниот 17-ми април, којшто сакаме сите ние никогаш да не се повтори, упатувајќи порака дека сум подготвен да испорачам преку изјава гаранции до господинот Иванов и да ја отстраниме оваа пречка, се со конечна цел, да ги запазиме праксите и процедурите да биде исполнет свечениот или церемонијалниот и формалниот чин на доделувањето на мандатот за да преминеме кон создавање или формирање на Владата.
Медиуми: Господине Заев, дали можеме да очекуваме до крајот на идната недела формирање на новата Влада и колку е бројно сега новото мнозинство во Собранието, дали внатре е и БЕСА?
Заев: Ние ќе преговараме со ДУИ, со Алијансата за Албанците, и со БЕСА. 67 потписи добивме кога господинот Иванов побара да докажеме дека постои мнозинство, редот е тој, јас посакувам да бидат сите овие партии и коалиции создадени учесници во новата Влада. Како што реков ќе се потрудиме за 10 дена, и за помалку од 10 дена да ги завршиме договарањата, заради тоа што и самиот Деловник во Собранието предвидува одредени денови за дебата на пратениците, за информирање на пратениците, и за донесување на одлуката.
Медиуми: На 5-ти јуни е првиот испит за екстерно тестирање, дали ќе стигнете на време за учениците да не влезат на тој испит?
Заев: Ние тоа го ветивме, и тоа ќе биде само уште една причина да побрзаме со формирањето на владата, заради тоа што искрено и длабоко во нашите политички концепти веруваме дека овој механизам на екстерно тестирање, навистина предизвикува трауми најмногу кај децата, со тоа и кај нивните родители, нивните наставници. Македонија мора да има корективи на испорачување на знаење кое што е вредно за нашите деца, но овој експеримент којшто беше досега имплементиран се покажа дека како не добар, и затоа се надевам дека пред првиот испит ќе можеме со одлуки или со закон како е тоа нормирано да го отстраниме како можност, секако надевајќи се дека до тој рок ќе има Влада во Република Македонија.
Медиуми: Со ДПА планирате да разговарате за Влада? Тие начелно го поддржаа мнозинството…
Медиуми: Дали сте контактирале со господинот Груевски? Дали тој може да ви вети дека ќе има трансфер на власта по мирен пат?
Заев: Јас верувам дека сите сме уплашени како луѓе од тоа што го видовме на 27ми април, верувам и тие. Тоа нека биде поука и порака до сите, да не се повтори. Учеството на работните средби кои ги имаа во саботата на кои ако не се лажам, беа претставници на сите партии, ми дава надеж дека низ институциите на системоте ќе се носат сите одлуки. Јас, како што реков, сакам успешен мандат. За успешен мандат ми треба соработка со идната опозиција. Ќе работам на тоа да имам разбирање, за причините на опозицијата, за нивните аргументи, се со конечна цел да се носат одлуки низ институциите на Република Македонија.
Медиуми: За локалните избори, дали начелно е разговарано тие да се во октомври, ноември?
Заев: Договорено е меѓу сите партии, се надевам дека тоа ќе биде конечно кога ќе се процесуира, со формирањето на двете неопходни комисии Законодавно-правната и Комисијата за политички систем, за да може по брза постапка да се пушти Законот за изборите, а верувам дека ако има потреба и Законот за локална самоуправа, за во најбрз можен рок да се променат овие закони и да се дефинира датумот 15 октомври како датум за избори, а во Изборниот законик тоа да биде прва половина од октомври.
Медиуми: Дали тоа може да се случи пред да се изгласа новата Влада?
Заев: За мене не постои проблем и пред новата Влада, тоа да се изгласа во Собранието, заради тоа што верувам, ако се усогласат сите работи, не треба да ги условуваме една со друга, да ги пуштиме процесите да течат, оти еве денеска е втор ден откако градоначалниците и Советите се без законска надлежност. Секако, тие ги извршуваат функциите додека не дојдат нови градоначалници и советници. Со закон, тоа се решава, прва половина на мај ќе стане прва половина на октомври, верувам ако треба и нешто друго да се заврши во преони или заврпни одредби или слично, за да им се даде континуитет со полн мандат да ја извршуваат работата до изборот на новите Совети и градоначалници, а тоа 15 октомври 2017 година.
Медиуми: Новата Влада ќе ги спроведува локалните избори или?
Заев: Новата Влада. Денеска добвиме мандат и во едно сум сигурен. Ќе успееме да создадеме нова Влада. Јас посакувам што е можно пошироко мнозинство заради стабилноста на одлуките и слично, но тоа зависи од потенцијалните партнери за новата Влада, како ќе се договориме и како ќе испреговараме.
Медиуми: Очекувате натамошни опструкции?
Заев: Не очекувам. Дадов одговор на ова прашање. Присуството на претставници на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата во саботата ми е основната причина дека одлуките ќе ги носиме низ институциите на системот и во тоа име повикувам низ Собранието, низ институциите на системот, да ги носиме одлуките седнувајќи на маса, преку дијалог и разговори, бидејќи граѓаните, пред се се изморени од кризи, сакаат решенија, сакаат живот во Македонија.