Нови 1.117 случаи на ковид и 22 починати лица

од Берта Китинска
281 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции.

Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.513 тестови преку: ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–180, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-100, Биотек-153, Систина-69, лабораторија Лаор-63, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност-45, Генеа-6, Никоб Лаб-259, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-32, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-20, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-29, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.523.

Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.

Слични содржини