Нови 102 контејнери со италијански отпад на компанијата „Блацион“ откриени на пристаништето во Варна

од Aleksandar Petrovski
201 прегледи

Нови 102 контејнери со италијански отпад се откриени на пристаништето во Варна, а примач повторно е компанијата „Блацион“, јави бугарската агенција БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека бугарската компанија „Блацион“, во која учество имаат двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов, увезувала отпад од Италија, кој беше откриен на пристаништата во Варна и Бургас. Самиот Ангелов до неодамна беше директор Дрисла. Откако избувна скандалот, тој беше отпуштен од работа, пишува БГНЕС.

Контејнерите со отпад, кои се наоѓаат на пристаништето Варна-Запад, денеска ги провериле претставници на Регионалното обвинителство во црноморскиот град. Во инспекцијата учествувале и службени лица на Државната агенција „Национална безбедност“, Министерството за внатрешни работи, царината и еко-инспекторатот.

Доставувач на отпадот е италијанската компанија „Дентиче пантелоне“. Контејнерите пристигнале меѓу 21 октомври и 29 ноември минатата година како товар кој може да остане во пристаништето до 90 дена. Овој рок веќе е истечен.

Според изјавите на обвинителството од минатата недела, отпадот бил наменет за компанија во Плевен, а Горан Ангелов тврди дека требало да биде доставен за термоелектраната „Бобов Дол“, јави БГНЕС.

Слични содржини